Кристијано Роналдо е фудбалер на векот (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо е прогласен за играч на векот во изборот на GLOBE SOCCER организацијата во Дубаи.

На свечената вечера, Португалецот беше прогласен за најдобар играч во периодот од 2001 до 2020 година, поради 756 погодоци кои ги даде во дресовите на три клуба и репрезентацијата.

Во тој период, тој освои пет Лиги на шампиони, три титули во Англија и по две во Шпанија и Италија.

Номинирани беа и Лионел Меси, Мохамед Салах и Роналдињо.

Пеп Гвардиола беше прогласен за најдобар тренер на 21 век, кој беше избран во конкуренција на Зинедин Зидан, Жозе Мурињо и Сер Алекс Фергусон.

Гвардиола досега има освоено 30 трофеи во Шпанија, Германија и Англија.

Реал Мадрид беше прогласен за клуб на векот поради дури шест титули во Лигата на шампионите, а пред Барселона, Ал-Ахли и Баерн.

Жорже Мендеш е прогласен за најдобар фудбалски агент во последните 20 години.

Слични содржини