Кристина Агилера целосно обезличена: Што се случува со неа?

од desk4
359 прегледи

Пејачката Кристина Агилера заедно со семејството се појави на премиерното прикажување на римејкот на „Семејството Адамс“, а и беа облечени во тој стил.

Инстаграм

Но, она што многумина го забележаа на некогаш омилената музичка ѕвезда и тинејџерски идол, е дека е целосно изменета, а лицето ѝ е речиси обезличено. На фотографиите од настанот се забележува дека едното око едвај го држи отворено, образите ѝ се отечени, а на усните е видливо дека правела естетски корекции.

Агилера за потребите на филмот ја сними песната „Haunted Heart“.

Ова не е првпат публиката да ја критикува Кристина поради нејзиниот изглед. Според нив, пејачката во последно време навистина претерува со естетските корекции, а тие сметаат дека воопшто не ѝ се потребни. Не изостануваат ниту критики околу нејзините постојани варијации со слабеењето и накачувањето килограми.

Кристина Агилера на музичката сцена се појави при крајот на 90-тите, а многумина ја гледаа како соперничка на Бритни Спирс, чија кариера беше во подем.

Зад себе има неколку успешни албуми и синглови, а во ѕвезденото небо ја вивна песната „Genie In A Bottle“, а успехот продолжи и со следните албуми, во кои јасно се гледаше како Кристина Агилера созрева во својот музички исказ. Таа е сопственик на еден од најценетите вокали во светот, со распон од четири октави.

Инстаграм

Инстаграм

Слични содржини