Американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил, денеска изјави дека Приштина ќе ги сноси последиците бидејќи не ги послушала советите на Соединетите Американски Држави, дека тоа ќе влијае на односите со Вашингтон, но дека не е запознаен со сите детали.
Тој го изјави тоа за новинарите во Белград и додаде дека мора да се постигне напредок во нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина, формирање на ЗСО и продолжување на дијалогот.
„Нашиот државен секретар, Ентони Блинкен, јасно стави до знаење дека се противи на какви било потези што ги направил Курти кои се спротивни на сите совети што ги дававме и Блинкен рече дека ќе има последици. Мора да се обидеме да не го изгубиме нашиот компас и насока, а тоа е формирање на ЗСО, нормализација на односите. Потребно е блаканскиот регион да се помири и да продолжи во насока на ЕУ и евроатлантските интеграции“, рече Хил.