Во Холивуд беа доделени наградите од критичарите, Critic’s choice, кои за најдобар филм во 2019 година го прогласија „Си беше еднаш во Холивуд“ на Квинтен Тарантино.
Жоакин Феникс беше награден за најдобра машка главна улога во филмот „Џокер“, додека пак за најдобра женска улога наградата и припадна на Рене Зелвегер во филмот „Џуди“.
Во категоријата споредни улоги наградени беа Бред Пит (Си беше еднаш во Холивуд) и Лора Дерн (Marriage Story).
Филмот „The Irishman“ беше награден за најдобар актерси ансамбл, а а за најдобра млада ѕвезда наградата и припадна на Роман Грифин Дејвис.
Признанието за режија го поделија Бонг Џон Хо (Паразит) и Сем Мендез (1917).
Квинтен Тарантино беше анграден за оригинално сценарио за филмот „Си беше еднаш во Холивуд“, а истиот тој филм освои признание и за најдобра сценографија.