Критики за недела неработен ден, Стопанската комора ќе го оспори законот пред Уставен

од Берта Китинска
362 прегледи

Синдикалците и стопанствениците вечерва во Топ Тема го критикуваа законот со кој недела се прогласува за неработен ден. Стопанската комора најави и дека ќе го оспори законот пред Уставниот суд како неуставен заради дискриминирачките одредби за трговијата на големо и мало.

Сите сме за исто. Иако претставниците од Синдикатот велат недела по секоја цена да биде неработен ден, економската логика на функцијата на државата тоа не го дозволува, вели Даниела Михајловска од Стопанската комора на Македонија, во гостувањето на емисијата „Топ тема“.

Таа информира дека Комората бара контрола на системот на државата.

-Нека има контрола, па нека се работи во недела. Не можете вие да му го скратите правото на некој да работи во недела. Некој сака да работи дневница плус. Имаме сериозен број работници кои сакаат да работат за празници и трета смена, каде се плаќа повеќе, затоа што на крајот оди во стажот. Сепак, за жал контролата изостанува, додаде Михајловска.
Имаме многу недокажаности во Законот, смета Миле Бошковски во Конфедерацијата на работодавачи во емисијата „Топ тема“.
Со измените на Законот за работни односи и недела неработен ден, се случи ние повторно да се заглавиме во лавиринтот, со кој ништо нема да се исправи, ниту пак ќе најдеме излез. Имаме многу недокажаности во Законот, затоа што не ни е комплетиран системот, вели Бошковски.

Според него, тие мора да имаат следење на работното време на работникот, кога е пријавен, кога дошол на работа, кога ќе се следи, на колку време е пријавен, дали е на полно време или е на скратено.

-Ние уште минатата година кршевме копја за законот. Во Законот за работни односи веќе е пропишан денот во неделата за работниците и системски поставен од работодавачите. Работниците тие треба да го пријават синдикатот, информира Бошковски.

Дури 92 отсто вработени нема да работат во недела

Се радувам што конечно по една година разговори со сите засегнати страни донесовме законско решение со кое ги унапредуваме работнчките права. Дури 92 отсто вработени нема да работат во недела, вели Јагода Шахпаска, министерката за труд и социјална политика, за Утрински брифинг.

-Исклучоци има во 41 област кои се од суштинска важност за да функционира државата нормално. Рабтниците кои ќе бидат ангажирани во недела ќе добиваат 50 отсто поголема дневница. Работниците се наш капитал и треба да ги унапредуваме. Треба да имаат баланс меѓу приватниот и работниот живот. Законот ги помина сите филтри што ги засега овој закон, вели Јагода Шахпаска, министерката за труд и социјална политика, за Утрински брифинг.

Таа вели дека при изработка на законот се користеле позитивните искуства од другите земји.

-Единствно исклучок се прави во Законот за трговија за моловите. Ќе работат и зелените пазари. Ние тргнавме со 31 исклучок, а со дијалог дојдовме до 41 исклучок за процеси кои се суштински и ако не се работи во недела ќе се наруши процесот на производство. Со тоа што работат моловите, работниците ќе добиваат 100 отсто поголема дневница, а во Буџетот ќе се слеваат 2 отсто повеќе даноци што ќе се користат за изградба на градинки, вели Шахпаска.

Слични содржини