Кривичен: До Судот не е доставено барање од Игор Југ за повторување на постапката за „27 април“

од Nikola Popovski
231 прегледи

Кривичниот суд демантира дека сега веќе починатиот Игор Југ побарал повторување на судскиот процес за настаните од „27 април“. Од Судот излегоа со соопштение по смртта на Југ. Ги демантираат, како што велат, наводите дека судот не одлучувал по неговото барање.

-Заради повеќе медиумски објави како и новинарски прашања кои утрово беа доставени во судот, ја информираме јавноста дека: Во однос на лицето Игор Југ, кој е правосилно осуден во предметот со КОК .бр. 40/18 за настаните кои се случија во Собранието на РСМ од правосилноста на пресудата, па се до овој момент, до Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје НЕ е доставено било какво барање од осудениот или неговиот бранител за повторување на постапката, стои во соопштението.

Југ издржуваше 12-годишна затворска казна. Бил на прекин од издржување поради нарушено здравје. Информацијата за неговата смрт ја потврдија од Управата за извршување санкции од каде велат дека пред да настапи смртта на Југ му се слошило додека го славеле роденденот на неговата ќерка.

Во текот на судењето за настаните за „27 април“, Југ изјавуваше дека никогаш не бил суден за силување, обид за убиство или дрога, а најголема навреда му било што се велело дека носел усташки симболи. Нагласи дека не е претседател на ниту едно македонско патриотско здружение. Тоа, како што кажа, било почетокот на фабрикувањето дека станува збор за човек ѕвер, манијак и убица кој може се да направи по налог на некого.

Обвинетите Игор Југ, Јане Ченто, Митко Чавков, Игор Дурловски и Душко Лазаров не поднесоа барање за амнестија во врска со собраниските настани од 27-ми април.

Слични содржини