Кривичен го достави „Титаник 2“ во Апелација, за 17 дена застарува делото

од Nikola Popovski
173 прегледи

Основниот кривичен суд Скопје денеска информира предметот со КОК бр. 7/20 од Обвинителството означен како „Титаник 2“ на 20.03.2023 година е доставен во Апелациониот суд Скопје на надлежно постапување.

-Имено по добиени жалби од обвинетиот М.Т. и неговиот бранител, како и известување од надлежниот Јавен обвинител дека нема да поднесе дополнителни жалби, предметот е комплетиран, испочитувани се сите утврдени рокови и доставен е на понатамошно второстепено постапување. По наведениот предмет Апелациониот суд Скопје веќе еднаш има постапувано, па согласно одредбите од ЗКП сега треба да донесе мериторна одлука по добиените жалби, велат од Кривичниот суд.

Случајот се најде во центарот на вниманието затоа што на 7 април застарува кривичното дело за кое неправосилно е осуден Мијалков, а тоа е примање награда за противзаконито влијание.

„Титаник 2“ се однесува на договарање за гласање во ДИК во врска со приговор на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори 2013 година. Обвинети се поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков како и поранешните членови на Државанта изборна комисија (ДИК), Бедредин Ибраими, Влатко Сајкоски, Сашо Срцев и Елизабета Стефановска. Меѓу обвинетите и лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

Според обвинителниот акт, Мијалков го искористил своето реално влијание и телефонски побарал од Мендух Тачи да влијае врз членот од неговата партија во ДИК да гласа за носење на одлука во полза на партијата ВМРО-ДПМНЕ по приговор за гласањето на избирачкото место 1.727 во Струмица, со што кандидатот Васил Пишев се стекнал со противзаконито право за натамошно учество на изборите.

Слични содржини