Кривичен го одби барањето: Таткото на Вања останува во притвор

од Nikola Popovski
289 прегледи

Таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски останува во притвор. Кривичниот суд го одби барањето на одбраната притворот да му се замени со куќен притвор.

-Заради интерес на медумите кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека судија на претходна постапка, по предлог на одбраната на А.Ѓ. осомничен за кривично дело Грабнување од чл. 141 ст.2 вв ст.1 од КЗ, а поврзано со убиството на малолетната В.Ѓ. и велешанецот П.Ж., за замена на мерката притвор со куќен притвор, по добивање на мислење од надлежниот Јавен обвинител, донесе решение со кое предлогот на одбраната се одбива, стои во соопштението на Кривичниот суд.

Таткото на Вања беше уапсен на почетокот на декември по што заврши во притвор, како еден од осомничените. За него останатите уапсени посочиле дека бил во комуникација со првоосомничениот Љупчо Палевски Палчо, односно наводно му кажал во колку часот неговата ќерка излегува од дома за да оди на училиште.

Од обвинителството ги чекаат вештачењата на прибраните материјални докази, по што ќе биде познато дали има и материјални докази кои го поткрепуваат ова сведочење за вмешаноста на таткотоЧетиринаесетгодишната Вања беше пријавена за исчезната на 27 ноември, а велешанецот Панче на 24 ноември. Нивните тела беа пронајдени на 3 декември. Во врска со двата случаи, осомничени се пет лица, од кои тројца признаа вина. Сите се наоѓаат во притвор.

Љупчо Палевски Палчо, кој е осомничен за извршител на убиствата, е во притвор во Турција и се чека негова екстрадиција.

Слични содржини