Кривичен одреди мерки на претпазливост за Деспотовски

од Nikola Popovski
50 прегледи

Екс-директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски остана без пасош. Кривичниот суд му одреди мерки на претпазливост во постапката што против него ја повеле Обвинителството и финансиската полиција поради сомнеж за злоупотреба на службената положба.

„Во предметот сè уште се преземаат дејствија од страна на Основното јавно обвинителство – Скопје и Управата за финансиска полиција“, велат од Обвинителството.

Деспотовски дал исказ пред судија на претходна постапка, по што Судот го прифати барањето на Обвинителството за изрекување мерки на претпазливост.

Деспотовски вели дека е достапен за институциите. Тој ги демантираше медиумите кои објавија дека наводно бил уапсен.

„Мојата достапност и за институциите и за медиумите досега е потврдена во пракса и така ќе остане и во иднина“, се вели во писмената реакција на Деспотовски.

Дел од медиумите, пак, повикувајќи се на извори од финансиската полиција информираа дека екс-директорот на слободните зони бил повикан да даде исказ за финансиски недоследности, поврзани со приватна компанија што изведувала работи во две слободни зони.

Слични содржини