Кривичен реагира: Притворот за Јанакиевски е оправдан, критикувана е должината на жалбената постапка

од Nikola Popovski
185 прегледи

Според пресудата, притворот за Миле Јанакиевски е оправдан, а критикувана е должината на жалбената постапка, велат од Кривичниот суд откако беше објавено дека Европскиот суд за човекови права во Стразбур констатирал како на поранешниот министер за транспорт и врски незаконски му бил продолжуван домашниот притвор во случаите „27 април“ и „Шпански скали.

Оттаму велат дека пресудата на ЕСЧП е веќе достапна на нивната веб страница и потребно е точно и внимателно да се прочита нејзината содржина пред да се навлезе во неосновани критики и погрешни заклучоци, со кои се информира јавноста.

-Во ниту еден дел не ја оспорува основаноста на определените мерки притвор и куќен притвор во прв степн, напротив ЕСЧП констатирал дека притворот бил оправдан, но утврдува пропусти во лишувањето од слобода на обвинетиот, како и „брзината“ на жалбената постапка во повисок степен.

Заради сето тоа сметаме дека е потребно пред се точно и дословно известување и коментирање во однос на пресудите на ЕСЧП бидејќи во спротивно се гради дискредитирачко јавно мислење за постапувањето на судот, стои во соопштението на Кривичниот суд.

Во пресудата стои дека на Јанакиески му биле прекршени правата од членот 5 на Европската конвенција за човекови права. Судот утврдил и недостиг на доволни причини на неговото лишување од слобода и ненавремено разгледување на жалбите кои се поднесувани за притворите.

Според пресудата, државата ќе треба да му плати вкупна отштета од 6.100 евра на Јанакиески. Од таа сума, 3.900 евра за нематеријална штета и 2.200 евра за трошоци.

Јанакиески во моментов издржува затворска казна од три години и шест месеци за случајот „Титаник“, а веќе има одлежано речиси пет години притвор за разни предмети.

Слични содржини