Од Основниот кривичен суд во Скопје на денешниот брифинг со медиуми не сакаа да коментираат за последната ранг листа на Академијата за судии и јавни обвинители, посочувајќи дека треба да се види кој од нив ќе биде избран за судија и дека „треба да се вреднува квалитетот“.
– Се надеваме дека тоа ќе биде стручен, добар кадар и ќе помогне во работата и ажурноста на судот. Судски совет прави анализи и се доделуваат нови судии врз основа на потребите. Нас, ни се потребни поголем број судии. Во периодот наназад се намали бројот на судии, а се зголеми приливот на предмети по кои постапуваме. Оваа година во најава има неколку судии кои ќе заминат во пензија. Така, сметаме дека бројката треба да се движи од пет па нагоре, посочуваат од Кривичен.