Кривична пријава против лице од Виница за крумчарење мигранти

од Radmila Tasevska
296 прегледи

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против Д.Ц.(44) од Виница.

Како што информираа денеска од МВР, пријавениот, од реон на Гевгелија со товарно возило прифатил 20 илегални мигранти, по што во близина на наплатната станица Смоквица бил сопрен од полициски службеници.

– При извршен преглед во багажниот простор биле затекнати 19 мигранти од Сирија и еден од Ирак, соопштија од МВР.

Слични содржини