Кривична пријава за 43-годишен маж од Пробиштип, упатувал закани по живот

од Radmila Tasevska
554 прегледи

По издадени судски наредби полицијата заедно со специјалната антитерористичка единица Тигар вчера извршила претреси на пет локации во Пробиштип и на една локација во Штип. Притоа од слобода е лишен Љ.Н. (43) од Пробиштип.

Како што информира денеска МВР, Љ.Н. на 21 декември 2023 околу 13 часот со секира влегол во училишниот двор на Средното општинско училиште „Наум Наумовски – Борче“ во Пробиштип и им се заканувал на вработените.

Тој со спреј пишувал пораки со заканувачка содржина по надворешните ѕидови од училиштето. Уништувал предмети и инсталации во ходниците на училиштето и се обидел да ја скрши вратата од канцеларијата на директорката на училиштето.

Потоа Љ.Н. влегол во зградата на Центарот за социјални работи во Пробиштип каде упатувал закани по животот на вработените.

– Против Љ.Н. е поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство, а се преземаат и дополнителни мерки во врска со овој случај, се наведува во соопштението од МВР.

Слични содржини