Кривична пријава за бесправно градење за охриѓанец од Пенсилванија

од desk2
158 прегледи

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење“, Секторот за внатрешни работи Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Р.К.(38) од Охрид, со привремено престојувалиште во Пенсилванија, САД.


Пријавениот, како што соопшти СВР Охрид, во мај годинава, на катарстарска парцела на улицата „Марко Нестороски“ во Охрид, како инвеститор почнал да врши градба на индивидуална станбена куќа на сопствено земјиште без одобрение за градење.

– Службени лица од Градежниот инспекторат-Охрид извршиле увид, за што е изготвен записник и донесено е решение за отстранување, односно за извршување-присилно административно рушење на бесправната градба, соопшти СВР Охрид.