Кривична пријава за еден од разбојниците кои ограбија казино на Партизанска

од desk4
92 прегледи

   Секторот за внатрешни работи од Скопје до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 24-годишен скопјанец кој минатиот месец изврши кражба во казино на булеварот „Партизански одреди“.

Дваесет и четиригодишниот М.И. на 31 март околу 21 часот заедно со уште едно лице со бела маска и со автоматска пушка одзеле од вработените во казиното 83.910 денари.

Од Министерството за внатрешни работи денеска информираа дека на местото на настанот била пронајдена бела маска и оти по извршеното вештачење е утврдено дека брисот потекнува од М.И, кој е приведен.