204
ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против А.Ј.(22) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
-На 12.07.2023, при обиколка на терен во Гевгелија, во населба Караорман, полициски службеници го забележале пријавениот како со неговото патничко возило „Рено лагуна“ презема 10 лица мигранти од Сирија и Египет, од кои четири малолетници. Притоа, тој не застанал на даден знак за запирање и го напуштил местото, информираа денес од МВР.