Kривична пријава за скопјанецот кој ја убил невенчаната сопруга, а телото го фрлил покрај пат

од Берта Китинска
267 прегледи

Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против И.Е.(36) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „убиство“, казниво по член 123 од Кривичниот законик.

Како што соопшти МВР убистворо се случило на 3 август лани во куќа на улица Гарибалди во населба Шуто Оризари.
Според пријавата И.Е. поради меѓусебно недоразбирање, физички ја нападнал и ја удирал со тврд предмет по главата Х.Б (33) со која живеел во вонбрачна заедница по што таа починала на местото. Потоа тој го завиткал телото во најлонски вреќи и ќебе и го оставил во атарот на с.Горно Оризари, скопско, покрај патот кој води од нас.Шуто Оризари кон с.Горно Оризари.

Телото било пронајдено два дена подоцна, на 05.08.2019.

Слични содржини