Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против 23-годишниот У.Д. од Република Турција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, извести МВР.
„На 05.08.2023 на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, пријавениот на увид дал фалсификувана британска патна исправа“, соопшти МВР.