Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против три физички и едно правно лице, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела “Измама” по чл. 247 и “Фалсификување исправа” по чл. 378 од Кривичниот Законик, за сторена штета во вкупен износ од 214.411.861 денари.
Првопријавеното физичко лице во својство на вработено и третопријавеното физичко лице во својство на сопственик и управител на четвртопријавеното правно лице, заедно со второпријавеното физичко лице вработено кај оштетеното правно лице, со намера да се стекнат со противправна имотна корист со лажно прикажување на факти го довеле во заблуда оштетеното правно лице, неосновано да исплати значителен износ на парични средства по основ на откуп на стари акумулатори, на начин што прворпријавеното и третопријавеното лице во свое име и за сметка на пријавеното правно лице изготвувале и употребувале лажни формулари за отпад на стари акумулатори, кои второпријавеното физичко лице како вработено во оштетеното правно лице ги потпишувало и ги одобрувало лажните испратници и откупните белешки, иако истото знаело дека робата не била испорачана и примена.
-Со тоа се овозможило оштетеното правно лице неосновано да исплати вкупен износ од 214.411.861 денари, велат од Финансиската полиција.