Кривична за кичевчанец кој објавувал навредливи фотографии и текстови на „Фејсбук“

од Nikola Popovski

Според МВР, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против 48-годишниот З.С. од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

„Во периодот од 28.11.2020 до 09.12.2020, во повеќе наврати, преку интернет на социјалната мрежа „Фејсбук“, од својот личен профил објавувал текстови и фотографии со вознемирувачка, навредлива и заканувачка содржина со што поттикнувал омраза и насилство“, стои во билтенот на МВР.

Слични содржини