Кривична за ширење расистички и ксенофобичен материјал преку компјутерски систем

од Vladimir Zorba
258 прегледи

Во ОВР Струга денеска е извршен службен разговор со Р.С.(36) од Вевчани по поднесена пријава од Детска амбасада „Меѓаши“ и З.М. од Штип дека преку социјалната мрежа Фејсбук упатил коментари со кои сторил кривично дело по чл.394 од Кривичниот законик.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи во службениот разговор Р.С. го признал делото, обезбедени се потребните докази и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Струга за ширење на расистички и ксенофобичен материјал преку компјутерски систем.

Слични содржини