СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ј.(28) од Тетово, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и против С.К.(24) од село Порој, тетовско, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, соопштија денеска од МВР.
Полициски службеници на СВР Тетово на 14.03.2023 околу 19:40 часот, на локалниот пат Тетово – Ѓермо, ги лишиле од слобода пријавените А.Ј. и С.К., двајцата од тетовско, затоа што при нивен и преглед на патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихуана. Претходно, тие не застанале на полициски знак за запирање и со нивното возило оштетиле полициско возило на СВР Тетово. Од судија на претходна постапка при Основен суд Тетово на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од по 30 дена.