СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ш.(61) од с.Студеничани, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење на скици или цртежи на воени објекти и борбени средства”.
Според информациите од полицијата, пријавениот работел како возач на автобус во фирма ангажирана од Министерството за одбрана за организиран меѓугарнизонски превоз, при што на 17 февруари годинава влегол во кругот на касарната во Тетово.
„Во кругот на касарната во Тетово направил три видеозаписи, кои подоцна ги споделил преку мобилна апликација“, стои во полицискиот извештај.
Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.