Кривична за вработен во Aгенција за разузнавање

од desk2
93 прегледи

Вработен во Агенција за разузнавање заработи кривична пријава за „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“ бидејќи вчера се обидел преку ред и со службена легитимација да влезе на градскиот стадион на европскиот Супер куп.

Вработениот во Агенцијата за разузнавање вчера незадоволен од брзината со која се вршеле проверките, го оттурнал својот колега по што бил приведен и однесен во полициската станица Кисела вода каде било констатирано дека бил под дејство на алкохол.

Инаку, за време на Супер купот за препродажба на карти и небрендирана роба вкупно се приведени 14 лица од кои 6 странски државјани и 8 македонски.