Кривична за вработен во МВР – „преселил“ обвинето лице на непозната адреса

од Nikola Popovski
41 прегледи

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција Скопје, поднесе кривична пријава против Д.М. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, казниво по член по член 353 од Кривичниот законик.

Пријавениот, полициски службеник, извршувајќи работни задачи како документарист, со пречекорување на службеното овластување, во септември 2023 година изготвил службен акт со невистинита содржина, злоупотребувајќи го потписот на раководителот на Полициската станица Тетово.

Имено, полицискиот службеник делото го извршил на тој начин што ги злоупотребил процедурите за примање барања, постапување и достава на службени акти и до адвокат доставил акт за достапност за лице со невистинита содржина, односно на усно барање на адвокатот, без процедурално административно – деловодничко евидентирање на писмено барање, изготвил и издал на рака акт со невистинита содржина, т.е. во актот било наведено дека лице кое е засегнато во судски процес било преселено на непозната адреса, со што не бил достапен на органите за прогон, без притоа да се извршат проверки за достапност на терен.

По изготвувањето на актот, полицискиот службеник го злоупотребил потписот на раководителот, вметнал несоодветен деловоднички број и како таков актот го предал на рака, спротивно на утврдените процедури.
По ова предметниот акт бил злоупотребен во судска постапка при Основен суд Тетово каде бил евидентиран како доказ што резултирало со штетен исход од судскиот процес против лицето.

Слични содржини