228
Британската полиција денеска соопшти дека е поднесена кривична пријава против двете еколошки активистки кои ја полија со супа од домати сликата „Сончогледи“ на Винсент ван Гог.
Активистките за заштита на животната средина на организацијата „Just Stop Oil“, кои во петокот во Националната галерија во Лондон го полија со супа од домати ремек-делото „Сончогледи“ на Ван Гог, а беа уапсени вчера, кривично ќе одговараат за нанесување штета, наведува „Ројтерс“.
На видео кое кружи на социјалните мрежи, може да се видат двете девојки како истураат супа врз сликата од 1888 година, која била заштитена со стакло, а со лепак ги прицврстуваат дланките на ѕидот до сликата.