Кривичниот суд ги деблокираше сметките на Макпетрол АД Скопје и ОИЛКО КДА Скопје

од desk3
103 прегледи

Основен суд Скопје 1 – Скопје во врска со предметот кој се однесува на замрзнување на банкарските трансакции на правните лица Макпетрол АД Скопје и ОИЛКО КДА Скопје ја информира јавноста дека кривичниот совет во рок од 24 часа имајќи го во предвид јавниот интерес и предлозите на странките во постапката, откако од страна на Јавното обвинителство Скопје во целост му беа доставени релевантни докази кои укажуваат на неопходноста од одмрзнување и деблокирање на сметките го преиначи решението на судијата на претходна постапка така што го одби предлогот на Јавното обвинителство Скопје за замрзнување на средствата и донесе решение со кое им наложува на банките да го запрат извршувањето на мерката од решението на судијата на претходна постапка.

makpetrol_0

Судија на претходна постапка постапувајќи по предлогот за следење на платен промет и трансакции на сметки на правното лице Макпетрол АД и на правното лице ОИЛКО КДА Скопје, поднесен од 18.08.2015 година го уважи предлогот односно со решение наложи финансиските институции привремено да го следат платниот промет и трансакциите на сметките на правните лица Макпетрол АД Скопје и ОИЛКО КДА Скопје.

Интегрален текст na Основен суд Скопје 1 – Скопје