Кривичниот суд ќе ги разгледува приговорите на одбраната за „Поткуп“

од desk3
89 прегледи

Скопскиот Кривичен суд на први јули на седница ќе ги разгледува приговорите во врска со обвинението за примање на поткуп против лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Заев: Оставки и преодна влада ќе ја олабават атмосферата

Во соопштението од скопска единица стои дека судот го прифатил барањето на одбраната за одржување седница на која Советот ги цени наводите наведени во приговорите против обвинителниот акт и основаноста на актот во однос на списите и доказите приложени кон него од страна на јавниот обвинител.

Заев се товари за дело поткуп, бидејќи како што тврди обвинителството од Струмичанец наводно побарал 200 илјади евра за да заврши процес на приватизација на државно земјиште.