Кривокапиќ: Резолуцијата за Сребреница навистина беше непотребна

од Vladimir Zorba
276 прегледи

Премиерот на ЦрнаГора, Здравко Кривокапиќ денес рече дека верува оти резолуцијата за Сребреница, усвоена во црногорскиот парламент, како што наведува, „беше навистина непотребна“, бидејќи ги продлабочува поделбите и конфликтите во општеството, а ја нема ниту БиХ.

„Црна Гора веќе ја усвои декларацијата на Европскиот парламент за настаните во Сребреница“, напиша Кривокапиќ на својот профил на Твитер.

Кривокапиќ вели дека Црна Гора се борела и ќе се бори за демократија и слобода.

„Извршната власт е целосно одделена од законодавната власт и секој во парламентот има еднакво право на слободен глас. Одлуката ја донесе Собранието и јас, како премиер, ниту го иницирав ниту го поддржав усвојувањето на оваа резолуција“, рече премиерот.

Кога станува збор за настаните во Јасеновац, Сребреница, Братунац и каде било на друго место каде што „има невини жртви, во повеќе наврати реков дека не можеме да ги политизираме жртвите и да ги користиме за да собереме ефтини политички поени“.

„Покажувам еднаква почит кон сите жртви. Поединци стојат зад злосторството, никогаш нации, и ниту една нација не може да биде геноциден, заради постапките на поединци од таа нација“, рече Кривокапиќ, додавајќи: „Простуваме, не забораваме на солзите на соседите, но мора да гледаме кон иднината. Не можеме да го смениме минатото, но можеме да влијаеме на сегашноста и подобрата иднина на нашите деца“.

Слични содржини