Криволак: Уништени 1.600 гранати од вкупно 12.600 пронајдени

од Nikola Popovski
263 прегледи

На армискиот полигон Криволак денеска беше уништен дел од арсеналот од артилериски гранати од Прва светска војна пронајдени на локација во Битола. Успешно се уништени 1600 гранати, кои се дел од 12.600 пронајдени изминатиот месец.

Акцијата ја спроведуваат пиротехничарите на Дирекцијата за заштита и спасување заедно со пиротехничарите на Министерство за внатрешни работи и на Армијата на Република Северна Македонија.

Од Владата велат дека детонациите нема да предизвикуваат загадување во пошироката околина на полигонот „Криволак“, а тоа го покажала анализата од лабораторијата АМБИКОН при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.

Беким Максути, директор на Дирекцијата за заштита и спасување.потсети дека гранатите беа пронајдени  во централното градско подрачје на Битола и е досега најголемата количина, односно вкупно 12.300 парчиња на артилериски гранати калибар 75 мм без запалки останати од Првата светска војна. Тој соопшти дека јужните и југозападните делови на државата каде што поминувала линијата на тогашниот Солунски фронт,  се уште кријат опасен вид воени материи со ваква содржина,  која постојано се наоѓа од страна на пиротехничарите.

Инаку артилериските гранати пронајдени во Битола се уништуваат во неколку фази. Со аналзиа направена од екперти на Штипскиот универизтет, а на барање на министерството за одбрана, е потрвдено дека на овојначин нема да се загадува животната средна. До сега се уништени 3.200 парчиња, до крајот на овој месец ќе има уште две акции, а останатите ќе се уништуваат кон крајот на јануари.

Слични содржини