Криза во Манчестер Сити? Пеп со сериозна закана

од Vladimir Zorba
35 прегледи

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, верува дека е способен да го изведе тимот од кризата која се продлабочи по ремито 3-3 на домашен терен против Феенорд во Лигата на шампионите.

Сити водеше со 3-0, но прими три гола во последните 15 минути и не успеа повторно да победи, а сега се во серија од шест натпревари без победа, од кои пет се загубени.

„Немав потреба да им кажам ништо на играчите, тие одлично гледаат што се случува“, изјави Гвардиола.

„Таква е ситуацијата, сега е тешко да се проголта. Даваме се од себе во првото полувреме, а потоа не сме доволно стабилни“.

Двата гола на Ерлинг Халанд и еден на Илкај Гундоган ги натера домашните навивачи да очекуваат убедлива победа, пред Анис Хаџ Муса да реализира еден гол за Феенорд во 75. минута кога ја искористи грешката на дефанзивецот на Хрватска, Јошко Гвардиол. Уште едно невешт додавање на 22-годишниот фудбалер доведе до голот на Сантијаго Хименез седум минути подоцна, пред Давид Ханко да израмни за Холанѓаните во 89. минута.

„Толку е млад, ќе научи“, рече Гвардиола за Гвардиол, кој изгледаше збунето по вториот гол на Феенорд.

„Тој е фантастичен играч, фантастично момче и повеќе од кога било треба да му се помогне“.

На крајот од натпреварот, публиката го исвирка тимот на Сити, кој падна на 15-тото место на табелата со 36 екипи со осум бодови, два бода помалку од најдобрите осум кои автоматски се квалификуваат за осминафиналето.

„Тие доаѓаат тука не за да се сеќаваат на успесите од минатото, туку да видат како тимот победува“, рече Гвардиола за шокираните симпатизери на Сити.

„Се разбира, тие се апсолутно во право кога го изразуваат она што го чувствуваат. Ја разбираме фрустрацијата на навивачите“, додаде Гвардиола.

Тренерот на Феенорд, Брајан Приске, блескаше од гордост откако неговиот тим стана првиот во историјата на Лигата на шампионите кој ремизирал откако заостанувал со три гола до 75. минута.

Слични содржини