Кризата ќе трае -Како компромис за демисија од Власт со структурата која е криминогена ?

од Vladimir Zorba
99 прегледи

Под притисок на растечката криза во Грција и нејзините наднационални последици, македонската криза може да падне во дното на фокусот на ЕУ и затоа е неопходно брзо решение, велат дипломатски извори за DW

0,,18007402_303,00

„Мало поместување“ од претходно тврдите позиции на некои од партиските лидери на вчерашната средба, резултираше со договор за натамошно продолжување на разговорите на македонската четворка. За успех се смета и самиот факт што разговорите не се прекинати, односно дека процесот е жив.

По вчерашната средба што траше час и половина, се огласија само СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и тоа со соопштенија со сосема идентична содржина, што укажува дека текстот бил усогласен на средбата, односно дека разговорите на четворката во завршната фаза се сведени исклучиво на преговори меѓу опонентската двојка Груевски – Заев.

„Лидерите на главните политички партии се состанаа за да ги продолжат дискусиите за точната организација на владата што ќе ги подготви изборите, како што е предвидено во шестата точка од договорот од 2 јуни. Во овој контекст лидерите се договорија да се состанат повторно во деновите што следуваат. Премиерот Никола Груевски го претстави владиниот нацрт план за примена на препораките што се однесуваат на системски реформи во областа на владеење на правото што е потребно да се спроведат согласно точката 6 од договорот од 2 јуни“, беше наведено во идентичното соопштение испратено од центрите за комуникација на ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ.

(..)

 

 

Како што дознава Дојче веле, сите дипломатски напори се фокусирани на постигнување финален договор за излез од кризата, бидејќи во целата ситуација влијание веќе немаат само внатрешни, туку и екстерни фактори. Имено, состојбата во соседна Грција го апсорбира речиси целото внимание на официјален Брисел поради потенцијалните ефекти што тамошниот развој може да ги предизвика врз еврозоната. Ако македонските политички лидери не покажат капацитет за брзо и ефикасно решение, под притисок на растечката криза во Грција и нејзините наднационални последици, Македонија може да падне речиси во дното на фокусот на ЕУ. Според истите извори, времето што им е дадено на лидерите за нови консултации и разговори го остава процесот во живот и ги зголемува шансите за договор. Таа активна позиција ги остава отворени за сугестии и медијаторска помош.

(..)

Аналитичарот Сашо Орданоски, имајќи ги предвид досегашните јалови преговори, смета дека политичката криза ќе трае.

„Со Македонија владее структура која одамна ги има изгубено атрибутите на демократската политика и на однесување во рамките на правото. Тоа сега е и меѓународно верификувано, со објавениот европски експертски извештај. Сега, постои очекување дека со таква криминогена структура ќе се постигне компромис за нивна демисија од власта. Таков преседан не постои во модерните меѓународни искуства, па не верувам дека Македонија ќе биде првата земја во која структури на организиран политички и класичен криминал доброволно ќе се повлечат од власта. Ако тоа повлекување не биде доброволно, тогаш некој мора да врши притисок тоа да се случи на друг начин. Меѓународната заедница, која е соучесник во процесот на дегенерирањето на демократијата во Македонија, таков резолутен притисок сѐ уште не врши врз Груевски, а опозицијата ја нема моќта да го принуди Груевски на повлекување“, вели Орданоски. Според него тоа значи дека политичката криза ќе трае.

целиот текст тука