„Кризата со пандемијата ја зајакна солидарноста и соработката меѓу народите“

од Vladimir Zorba
136 прегледи

Кризата со пандемијата ја зајакна солидарноста и соработката меѓу народите. Таков е случајот помеѓу Северна Македонија и Хрватска, земја која е наш голем пријател и поддржувач, сподели министерот за здравство, Венко Филипче кој денеска оствари средба со хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман, по поводот донација на вакцини кои пристигнаа во нашата држава од Република Хрватска.

10.000 вакцини од производителот Астра Зенека веќе се пристигнати, а вчера Владата на Република Хрватска донесе одлука за дополнителни 20.000 вакцини кои ќе бидат транспортирани во најскоро време.

Втората пратка на вакцини од Хрватска ќе биде Астра Зенека или Модерна со што ова ќе биде прва пратка на вакцини Модерна кои ќе пристигнат во нашата држава. Б

Филипче изрази благодарност до Владата на Република Хрватска и министерот Радман за овој гест на поддршка, со цел добро здравје за граѓаните.

Слични содржини