Кошаркарската репрезентација на Украина нема да може да се сретне со селекцијата на Шпанија во недела во рамките на квалификациите за Светското првенство, одлучи ФИБА.
Двете селекции ќе се сретнат во четврток во Кордоба, додека вториот натпревар кој требаше да се одигра три дена подоцна во Украина, е одложен поради ситуацијата во таа земја.
Датумот и местото на одигрување на натпреварот од четвртото коло од квалификациите за Светското првенство меѓу Украина и Шпанија дополнително ќе бидат одредени.
По два натпревари исто толку победи има и Шпанија, додека Грузија е на половичен учинок.