Kризен штаб Неготино со препораки до домаќинствата: Се уште гори на планината Серта

од Илинка Илиоска
44 прегледи

Се уште гори на планината Серта во неготинско, а Кризниот штаб на Општина Неготино синоќа излезе со препораки до домаќинствата во селата и во градот, задолжително да прават расчистување на тревните површини околу своите дворови, имотите и останатите подрачја.

– Апелираме до месното население за поголема ажурност , следење на упатствата и насоките од страна на МВР, да нема поголеми движења кон критичните места. Исто така, побарана е повторно до ЦУК и до ДЗС воздухопловна подршка за утрешниот ден, за да би можело да се изврши побрзо локализирање на пожарите, информираа од Штабот за заштита и спасување при локалната самоуправа.

Ова општинско тело формирано откако избувна големиот пожар, вечерва одржа состанок, а членовите на штабот биле запознати со состојбите на терен од страна на претставници на ЦУК, ДЗС, МВР. Пожарот во неготинско избувна во средата околу 10.30 часот. Се најавува дека утре повторно ќе се гасне од земја и од воздух.

Слични содржини