166
Министерот за економија Крешник Бектеши најави дека вечерва ќе се прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор на национално ниво што ќе важи од 1 септември.
Согласно законите, како што информира попладнево Бектеши по состанокот со градоначалникот на Општина Арачиново Ридван Ибраими, енергетската кризна состојба може да трае 30 дена.
Министерот Бектеши по состанокот, изјави дека од понеделник екипите на ЕВН Македонија непречено ќе работат на терен во Општина Арачиново и на тој начин ќе почне да се наплаќа струјата во оваа Општина, но и на други места.