Крмов: Ако отворите на Википедија, ќе видите дека Седат Пекер е повеќе пати осудуван криминалец

од Nikola Popovski

„Оваа афера и акција Двојник би ја поврзал со групата со нарко-босовите и дрогата во земјава. Кога ќе видите подобро, сите овие лажни пасоши се издадени на луѓе за целиот тој ланец на дрога, што од Грција, преку нашата земја, продолжува кон другите земји низ Европа“, вели пратеникот на Левица, Борис Крмов за емисијата „Само вистина“.

Во врска со турскиот државјанин, Седат Пекер, за кој беше објавено дека имал лажен пасош со туѓ идентитет, Крмов потенцира дека ако отворите Википедија, ќе видиме дека тој е повеќе пати осудуван криминалец.

Турскиот државјанин Седат Пекер не поседува фалсификуван македонски пасош со негова фотографија, а туѓ идентитет, тврдат адвокатите Дублин Караџа и Јасмин Калач преку соопштение во кое ги демантираат ваквите информации.

„Реис Седат Пекер категорично и целосно ги отфрла содржината на насловите и прилозите емитувани на порталите и медиумите како невистинити и тенденциозни. Дезинформирањето на јавноста со свесна намера да се наруши угледот на господинот Седат Пекер се гледа од тоа што прилозите се подготвени надвор од професионалните новинарски стандарди, а пренесените вести се во целост лажни“, стои во соопштението.

Слични содржини