Крмов го обвини Ковачевски дека грицка сончоглед, Митрески побара да се извини за ноторната лага

од Nikola Popovski
201 прегледи

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески побара од пратеникот од Левица, Борислав Крмов да се извини за тоа што кажа на седницата за пратенички прашања. Крмов од собраниската говорница го обвини премиерот Димитар Ковачевски дека грицкал сончоглед.

-Ова е ноторна лага. Пратеникот треба да се извини, не за пратениците, туку за јавноста. Пратениците овде добро знаат што се случува, рече Митрески.

За процедурално се јави Крмов, кој изјави дека слушнал од колегите додека се враќал на местото „како премиерот рекол дека сака да му врзе шлаканица“.

-Еве ќе седам тука три минути и чекам премиерот да дојде, кажа Крмов, по што неколку пати беше опоменат од претседавачот на седницата да внимава како се однесува во Собранието, согласно Деловникот.

Пратеникот кратко се задржа на говорницата, по што се врати на пратеничкото место.

Накратко потоа заменик-претседателот на Собранието ја затвори седницата посветена на пратенички прашања.

 

Слични содржини