Крмов излезе пред родителите од Кочани, Гаши не им дозволи влез во Собранието

од Nikola Popovski
463 прегледи

Пратеникот на Левица, Борислав Крмов излезе на средба со родителите и членовите на семејствата на загинатите во кочанската дискотека. Крмов истакна дека нивната пратеничката група побарала родителите да можат да влезат во галеријата на Собранието и да ја следат собраниската седница за интерпелацијата на министерот Панче Тошковски, но дека собранискиот спикер Африм Гаши не дозволил такво нешто.

Гаши се согласил со барањето од еден час пауза, но рекол дека е неприфатливо родителите да бидат пуштени во Собранието. Според него, присуство треба да биде најавено и организирано.

Родителите му порачаа на Крмов дека сите пратеници треба да излезат од собраниската сала и да се сретнат со нив.

-Командна одговорност мора да има, додаде пратеникот на Левица и рече дека ДПИ и ОВР Кочани се најодговорни за целата ситуација.

 

Слични содржини