Крмов: Левица како и секоја друга партија мора да има став за надворешната политика

од Andreja Salpe

Пратеникот на Левица, Борислав Крмов во своето гостување во емисијата Само Вистина на Канал5 телевизија вели дека секоја политичка партија мора да има и своја надворешна политика. На прашањето за Израел – Палестина тој истакна дека не може светот да биде слободен додека палестинците не се слободни.

  • Некои наши другари, па и јас стоиме на ставот на изреката на Мандела која вика не може да биде светот слободен додека палестинците не се слободни. Тоа е единственаата држава каде што имате граѓани од прв и од втор ред, каде луѓето не можат слободно да внесат храна. Не си ги контролираат пристаништата. Тоа е еден вид затвор под отворено небо. Како може еден левичар да застане на страната на опресорот.

Тој додаде дека левица е партија, која мора да има надворешна политика.

Слични содржини