Крмов: Левица „сама си го вади лебот и сама си ги коли овците“

од Nikola Popovski
423 прегледи

Пратеникот на Левица, Борис Крмов вечерва изјави дека партијата би сакала да оди на предвремени парламентарни избори.

-Ние би оделе на избори уште утре ако треба, но во секој случај сакам да кажам дека сега се концентрираме на паѓање на владата. Сигурен сум дека не само што ќе се пресликаат гласовите од локалните на парламентарните избори, туку ќе имаме уште подобар резултат. Ние стандардно имаме уште подобар рејтунг на парламентарни избори отколку на локални. Сега ќе учествуваме во сите 80 општини, па според тоа и уште посолиден резултат, рече Крмов.

Тој наведе дека како партија „намерно сами отишле на избори, а не биле дел од некоја коалиција, поради тоа што сами си го вадат лебот, сами си ги колат овците“ и дека нивните гласачи тоа убаво го знаат.

-Сами си го кроиме патот, потенцира Крмов.

Слични содржини