Доколку дојдат некогаш во ситуацијата да коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ за да бидат партнери во Владата, од Левица велат дека се единствена партија која што забранува коалиции пред избори. Велат дека за нив, коалиции доаѓаат во обзир само после изборите и дека кај нив владее политика дека ќе бидат во коалиција, само кога ќе бидат најголемата партија.
Овој став денеска го искажа членот на Левица и пратеник, Борислав Крмов.
-Ние типуваме да бидеме најголемата партија во било каква идна коалиција. Мислам дека тој процес е забрзан по локалните избори. Јас би кажал еден до два циклуси, рече Крмов запрашан во емисијата „Студио 10“, за колку време би пораснала Левица и да добие над 350 илјади гласачи. Пратеникот очекува такво нешто да се случи за 8 до 10 години.
-Ова е визионерски процес и претседателот Апасиев го предвиди пред 6-7 години. Тогаш Левица немаше пратеници. Пасокизацијата на Левица трае веќе 7 години од моментот на потпишувањето на Преспанскиот договор и мислам дека за циклус до два, тој процес ќе кулминира и едноставно во левиот спектар немате друга партија освен Левица, додаде пратеникот на Левица.