422
„Од 1-ви до 21-ви април граѓаните можат слободно да не отвораат врати на попишувачите. Ние се повикуваме на Уставот кој гарантира неповредливост на домот. Тоа може да се наруши само со судски налог“, изјави вечерва пратеникот од редовите на Левица, Борис Крмов за ТВ 24.
Тој истакна дека тие како партија се сомневаат дека ќе има фингирани резултати на пописот меѓу СДСМ и ДУИ.
„Се сомневаме дека ќе има поместување на соодносот меѓу Албанците и Македонците, со тенденција на спуштање на македонскиот народ што пониско и се сомневаме дека за првпат ќе биде внесенео и бугарско малцинство“, рече Крмов, дополнувајќи дека Левица бара пописот да се одложи за следната 2022 година.