Ова општество не го превенираше овој случај. Зборуваме за штала-дискотека која функционирала 13 години и ги поминала сите владејачки гарнитури. После тоа видовме како газдите комуницирале со инспектори и колку лиценци биле потпишани од министри. Тој систем е граден, тој систем е правило, тоа не е пропуст. За жал, моравме да доживееме ваква траума со 63 прерано изгубени животи и 150 кои се лекуваат. Прашањето е дали се разбудивме, изјави синоќа пратеникот од Левица, Борислав Крмов за годишнината од големата трагедија во кочанската дискотека.
Околу судскиот процес за пожарот, пратеникот вели дека ако родителите имаат сомнежи, а, како што вели, се гледа дека имаат и дека нема правдата да се истера, за делот на МВР.
-Во суштина, началникот на СВР и ОВР Штип се најодговорни, а тие уште не се обвинети. Можност е процесот да се раздолжи и додека притисокот на јавноста сега е силен, затоа до некаде е посоодветно е првото обвинение. Сведочиме како премиерот се обиде нивниот градоначалник во Кочани, Љупчо Папазов да го заштити со првите изјави по настанот, за потоа човекот да биде уапсен и има обвинение. Тој притисок од јавноста е единствениот начин да се истера правдата и тој мора да постои. Мора да биде што пократок целиот судски процес. Се уште е свежо, но со години ако се развлече, секако ќе спласне. Родителите стравуваат дека највиновните или нема да добијат ништо или паушални казни. Тука лежи опасноста, рече Крмов во емисијата „24 анализа“.