Крмов за локалните избори: Во 20-30 општини Левица ќе биде втора, а можеби и прва

од Nikola Popovski
222 прегледи

Пратеникот на Левица, Борислав Крмов очекува да продолжи тенденцијата на зголемување на гласови на контото на Левица на наредните локални избори.

-На последните парламентарните избори, во 3-4 општини бевме втора партија. Во Кисела Вода која што има над 60 илјади луѓе, Левица беше втора позади ВМРО-ДПМНЕ и во 10-15 општини сме на работ негде со 200-300 гласови. Мислам дека во двоцифирен број на општини, во 20-30, Левица ќе биде втора, а можеби и прва. Мислам дека и во неколку општини имаме добри шанси за градоначалник, рече пратеникот во утринската емисија на „Слободен печат“.

Крмов смета дека меѓу населението има „анти-ДПМНЕ“, кое би гласало за друга алтернатива или ќе се пасивизира, но нема да гласа за ВМРО-ДПМНЕ.

-Тоа население се собира околу нас и мислам дека голем дел од разочараните гласачи на вМРО-ДПМНЕ кои што паднаа на приказната дека ќе ја заштитат државата и дека нема да ја признаат „северна“. Очекувам раст и во многу поголеми општини да бидеме втори или први и на тој начин да се профилираме како најсилна опозиција, посочи пратеникот од Левица.

Слични содржини