Состојки:
– 650 гр брашно
– 6 жолчки
– 10 гр сол
– 60 гр шеќер
– 60 гр путер
– 2 лажици масло
– 2 лажици рум
– 3 дл млеко
– 1 коцка квасец
Подготовка:
Оставете го квасецот и три лажици топло млеко со малку шеќер да нараснат.
Загрејте го млекото и растопете го путерот.
Се замесува тесто од квасецот, брашното и останатите состојки и се остава да стаса еден час.
Кога тестото ќе се удвои, развлечете го на дебелина од околу еден сантиметар. Ако веќе имате калап за крофни, тогаш употребете го.
Доколку немате, тогаш со една поголема и една помала чаша извадете ги крофните и оставете ги на набрашнета површина уште еднаш да нараснат.
Убаво загрејте го маслото кое мора да го има малку повеќе.
Пржете ги крофните на умерена температура додека не поруменат од двете страни, па извадете ги на хартиена крпа.
Украсете ги со шеќер во прав, растопено темно, млечно или бело чоколадо и разни додатоци по ваш избор, како јаткасти плодови или шарени трошки.