Хуман гест: Мало девојче од Гевгелија продава крофни и лимонада за да помогне во лекувањето на своја сограѓанка (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Малата Марија од Гевгелија прави и продава крофни и лимонада за да собере пари за лекување на болното девојче Луна Поп-Костова кое исто така е од Гевгелија. Девојчето е инспирирано од нејзината врсничка Нина во Србија, која продаваше крофни за да собере пари за лекување на нејзиниот татко.

Двете девојчиња од истиот град не се познаваат, но кога Марија дознала за 14-годишната Луна која треба да оди на операција во Турција и за нејзиното лекување се собираат донација, решила да помогне со продажба на крофните на штанд во Гевгелија.

Луна боледува од сколиоза во последна фаза и има потреба од итна операција.

Приказната на Нина од Нови Сад го освои Балканот. За само еден ден од продажбата на крофни собрани беа 1,5 милиони динари и таткото на девојчето замина на лекување во Москва.

Слични содржини