Тони Крос се прости од навивачите на Реал Мадрид на прославата на освоениот трофеј во Лигата на шампионите.
Крос се прости од навивачите на Реал Мадрид на прославата на трофејот во Лигата на шампионите, а пред да ја напушти сцената го зеде микрофонот во раце и кажа кој од следната сезона ќе го носи неговиот број осум на дресот на кралскиот клуб.
Речиси се е веќе кажано за кариерата на Тони Крос и неговиот настап во Реал Мадрид, како и неговото збогување. Прославата во Мадрид беше интересна, особено трогателна за германскиот фудбалер, кој имаше што да им каже на навивачите.
Секако, приврзаниците на мадридскиот тим му скандираа „Тони остани“ на Крос, што најдобро говори за статусот на германскиот играч за врска во кралскиот клуб.
За време на прославата, Крос направи неочекувана работа, кога микрофонот дојде во неговите раце, јавно реши да каже на кого ќе му го предаде бројот осум што го носеше со години во Реал.
„Бројот осум сега е слободен“. Задоволство ми е да му го препуштам тој број на Валверде и сигурен сум дека го заслужува тоа“, изјави Крос.
Кога Крос рече дека бројот осум е слободен, навивачите на Реал веќе знаеја што следува и почнаа да скандираат „Феде, Феде“, по што уругвајскиот играч од средниот ред дојде до својот сега поранешен соиграч.
Крос во Реал Мадрид пристигна пред десет години од Баерн Минхен за 25 милиони евра. Во дресот на кралскиот клуб одигра 465 натпревари, постигна 28 гола и забележа 99 асистенции, а со овој тим освои се што можеше.