Крос ќе остане во Реал Мадрид

од Vladimir Zorba
3,6K прегледи

Тони Крос, кој веќе го одигра последниот натпревар за Реал Мадрид и по Евро 2024 ќе стави крај на својата богата кариера, најави дека иако повеќе нема да игра во белиот дрес, ќе остане во кралскиот клуб. Ќе работи во академијата на Реал.

„Свесен сум дека ќе ги одиграм моите последни натпревари, но не ме облива ладна пот поради тоа. Одбројувањето започна и сакам да ги дочекам овие последни натпревари за Германија на ист начин како со Реал. Имено – постигнување на најголем можен успех.

Мојата иднина? Тоа е главно поврзано со семејството. Ќе го продолжам поткастот што го правиме заедно за мојот брат Феликс. Ќе работам и во академијата на Реал Мадрид. Форматот на Icon League започнува од септември. Сепак, јасно е дека нема да се впуштам во 18 нови проекти и да бидам зафатен како што бев активен фудбалер“, изјави Крос.

На прашањето кој ќе биде новиот европски шампион, легендарниот играч за врска одговори категорично: „Германија“.

Слични содржини