Крос објасни што го изморило во фудбалот

од Vladimir Zorba
53 прегледи

Поранешниот играч за врска Тони Крос ја гледа Германија повторно меѓу најдобрите репрезентации во светот, но истакна дека е премногу рано да се има големи надежи за титула на Светското првенство.

„Германија повторно е меѓу најдобрите, но се уште е рано да се каже дека е меѓу фаворитите за Светското првенство во 2026 година“, изјави тој во интервју за „Фокус-онлајн“.

„Имаме многу добри играчи кои ќе се подобрат уште пред Светското првенство“, додаде играчот од средниот ред.

Крос ја заврши професионалната кариера по Евро 2024. Засега тренерството не е дел од неговите планови.

„Не сакам да се вратам во ритамот што намерно го напуштив толку брзо – ангажаманот од утро до вечер, многу патувања, спиење во хотели – тоа е она што ме истроши со текот на годините“, коментира тој.

Во моментов, Крос само ужива во времето со своето семејство.

„Мислам дека ми се допаѓа и никому не му лазам по нерви. Се надевам дека ќе продолжам вака уште долго“, заклучил тој.

Слични содржини